Тенис
22. October 2016 - 11:04

ВТА: Познати групите за завршниот мастерс

Анжелик Кербер која се наоѓа на првото место на ВТА листата ја предводи „белата“, а Агњешка Радванска „црвената“ група на завршниот ВТА мастерс во сезоната, на кој поради повреда нема да игра Серена Вилијамс.
 
Завршниот Мастерс во женска конкуренција ќе се игра во Сингапур, а жрепката реши „белата“ група да ја предводи Кербер. Покрај неа, тука се и Романката Симона Хапел, Американката Медисон Киз и Доминика Цибулкова од Словачка.
 
Во „црвената“ група покрај Радванска се и Каролина Плишкова од Чешка, Шпанката Габриње Мугуруса и Британката Џоана Конте или руската ветеранка Светлана Кузњецова.
 
Поблиску до настап на завршниот Мастерс е Конте, но Кузњецова може да ја престигне доколку ја освои титулата во Москва.
 
Завршниот ВТА мастерс во Сингапур ќе се игра од 23. до 30.октомври во Сингапур, а титулата ја брани Радванска.