Македонија
28. May 2019 - 16:41

Вселенскиот патријарх Вартоломеј има намера да го реши статусот на МПЦ-ОА

Вселенската патријаршија не се откажува од идејата да го решава црковното прашање во Македонија и го разгледува барањето за автокефалност од МПЦ. Вселенскиот патријарх Вартоломеј тоа го потврди во интервју за бугарските медиуми.

Секој случај е посебен. Мајката црква го разгледува секој од нив во духот на љубовта и единството, секогаш имајќи ги на ум духовната полза и спасението на верните. И во истиот дух ќе продолжи и понатаму да раководи со љубов и грижа во годините што доаѓаат, изјави за бугарската агнеција БГНЕС, вселенскиот патријарх.

На прашањето дали македонското барање, исто како и украинското е под директна надлежност на неговата светост, Вартоломеј вели дека Цариградската патријаршија има канонско право да одлучува за ваквите молби на другите цркви. Ова привилегија и одговорност, вели патријархот, досега е искористена повеке пати за решавање на жалбите на епископите од разлучни патријаршии и цркви. Барањето испратено пред една година од Македонската православна црква-Охридска архиепископија, синодот на Вселенската патријаршијаи официјално го ставил на  на дневен ред за разгледување на редовнотпо заседание, одржано од 9 до 11 мај годинава во Фанар, Истанбул.