Вселенскиот патријарх ќе се сретне со Ципрас и Павлопулос
Посетата на Грција поради учеството на еколошки симпозиум, Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе ја искористи да се сретне со грчкиот државен врв.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, денеска попладне Вартоломеј ќе има средба со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а потоа и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Официјално не се соопштени темите за кои Вселенскиот патријарх ќе разговара со Павлопулос и Ципрас, но средбите доаѓаат на само неколку дена по соопштението од Вселенската патријаршија дека „во рамките на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“.
Вселенскиот патријарх е во Грција поради учеството на деветиот Меѓународен еколошки симпозиум под наслов „Кон една позелена Атика: одржувајќи ја планетата и заштитувајќи ги граѓаните“ што од 5 до 8 јуни ќе се одржи во Атина и на островите Спецес и Идра што и припаѓаат на областа Атика.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата