Македонија
27. March 2023 - 19:50

Врвни специјалисти во Аџибадем Систина со минимално инвазивни процедури третираат карциноми и последици од мозочен удар

Нов современ пристап во третманот на мозочни удари, карциноми и метастази на одделот за интервентна радиологија во “Аџибадем Систина”. Станува збор за минимално инвазивни процедури, без хируршка интервенција, а се третираат различни видови васкуларни и неваскуларни заболувања. Посебно значаен е делот на интервентната онкологија бидејќи вакви процедури се изведуваат само во оваа болница.

- Станува збор за модерен, минимално инвазивен третман на најразлични видови тумори во организмот по минимално инвазивен пат, третман што е таргетиран на мала површина на местото на туморот или на метастазите, изјави доц.д-р Александар Ѓорески, специјалист по радиологија во Клиничката болница “Аџибадем Систина”.

На одделот за интервентна радиологија во Клиничката болница “Аџибадем Систина” со минимално инвазивен пристап успешно се третираат и мозочни удари. Кај хеморагичниот се превенира повторно крварење, а ако аневризмата е откриена случајно, целта е да се спречи излевање на крв во мозокот.

- Влегуваме низ аортата на раката или ногата и со помош на мали катетери стигнуваме до местото кое го предиузвикува крварењето, изјави доц. д-р Менка Лазареска, специјалист по неврорадиологија во Клиничката болница “Аџибадем Систина”.

Додека кај исхемичниот мозочен удар многу важна е брзата реакција за да се спречи фатален исход или инвалидност. Со методата механичка тромбектомија се отстранува грушокот и се овозможува непречен проток на крв и кислород.

Интервенциите на одделот за интервентна радиологија се изведуваат на еден од најсофистицираните ангиографи во државата со минимално зрачење.