Македонија
20. November 2018 - 16:34

Врнежите од дожд помогнаа да се спречи еколошка катастрофа во каналот Студенчишта

Се спасува плашицата кај каналот Студенчишта во Охрид. Екипи на ЈП Охридски Комуналец вчеравечер со цистерни испуштаа свежа вода богата со кислород во најзагрозените делови каде изумре плашицата, поставена е една пумпа и дополнително врнежите од дожд кои од ноќеска го зафатија главниот туристички центар го наполнија водостојот.

Денеска состобата е стабилна спречена е еколошка катастрофа во која можеше да угинат десетина тони риба плашица која годинава ја има во огромни количини.

Како трајно решение за да се избегнат ваквите инцидентни состојби потребно е  прокопувањето на каналот Студенчишта, од неговата изградба од 1924 година до денес само еднаш било интервенирано.

Инаку деновиве се очекува дополнително ЕЛЕМ да обезбеди пумпи аератори  кои би се поставиле кај каналот и автоматски би се вклучувале со детектори на кислород.