Македонија
11. January 2022 - 12:22

Врнежите од дожд ја запреа акцијата за санација на пожарот во Кочани

Врнежите од дожд ја запреа акцијата на санација на пожарот на градската депонија во Кочани. Изминатите неколку дена, општината беше обвиена во чад, а екипите на јавното претпријатие, противпожарната единица и специјализираната фирма за апликација на алги во депонираниот запален отпад интензивно работеа на терен.

-Алгата која се аплицира не дејствува при врнежи од дожд. Наредните неколку денов, се до стабилизација на времето нема да се работи на депонијата. Од дождот сепак малку се расчистува возухот, меѓутоа само со вода депонијата не може да биде изгасната, изјави Иван Иванов, директор на „Водовод“ - Кочани.

Голем дел од депонијата до сега е санирана, но се уште чади. Бидејќи постои основно сомневање дека пожарот е подметнат на неколку места, во ПС Кочани поднесена е кривична пријава за непознат сторител.