Македонија
7. February 2017 - 8:34

Врнежи од дожд низ цела Македонија, снег на повисоките места

Времето во Макеоднија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почест до претпладневните часови. На планините ќе има повремен снег. Ќе има и услови за појава на грмежи, особено на југоисток. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец.

Температурата ќе се движи од пет до 12 степени. 

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почест до претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец.

Температурата ќе достигне до осум степени.

На крајот на работната недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.