Македонија
18. November 2018 - 20:21

Врнежи од дожд и снег и ноќеска

Врнежите ќе продолжат и во ноќните часови и ќе се преместуваат на исток. На повеќето места ќе врне снег, на пониските места во централните делови ќе бидат мешани од дожд и снег, а на крајниот југоисток од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а вдолж Повардарието главно од дожд или од дожд и снег. Врнежите се поинтензивни особено во јужните делови.

До 19 часот вечерва во Битола наврнале 33 литри дожд на метар квадратен, во Претор 28, 27 во Гевгелија, 17 во Демир Капија… На Попова Шапка и Маврово има 18 сантиметри снег, 16 во Маврово и Претор, 15 во Тополчани, 11 во Битола…

Утре се очекува престанок на врнежите и краткотрајно разведрување, а нов влажен и потопол бран со врнежи претежно од дожд ќе има во вторник, кога пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.