Балкан
14. April 2019 - 8:37

Врие во Белград: Опозицијата и даде рок од шест дена, власта да ги исполни нејзините барања

Со повик до власта барањата на опозицијата да ги исполни во рок од шест дена, во спротивно седмиот ден ќе биде организиран уште поголем протест, заврши вчерашниот собир „Еден од пет милиони“ во Белград.

Последни на протестот говореа лидерите на опозицијата, кои бараат формирање на заедничка комисија на Владата и опозицијата за дефинирање на фер и чесни изборни услови, изборот на нов состав на Регулаторното тело за електронски медиуми и изборот на технички и уреднички тим на Радио-Телевизија на Србија и Радио Телевизија Војводина

Според, Зоран Живковиќ на протестот, кој мина мирно без инциденти, присуствувале 35.000 лица и е најголем по оној на 5 октомври.

Власта пак тврди дека на протестот имало околу 7.500 луѓе.