Македонија
22. March 2016 - 9:06

Врие од полиција низ Скопје, жешко и во судницата за „Диво насеље“

Седмото рочиште во случајот Диво Насеље ќе се одржи зад затворени врати. Денеска како заштитени сведоци на обвинителството во судот ќе сведочат припадници на специјалната полициска единица, учесници во кумановскиот случај.

Последните две рочишта поминаа во знакот на роднините и бојкотот на адвокатите на обвинетите кои се жалеа на условите во кои се одвиваат рочиштата, големината на салата, можноста за присуство на судењата на членови на семејствата и транспарентноста од судот.
Досега обвинетите го отфрлиле обвинението за тероризам. На последното рочиште беа сослушани петмина локални граѓани на Куманово.  

За ланските настани од 9 и 10 мај поднесени се обвиненија против 29 лица за кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Во кумановската населба загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесеттина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.