Свет
3. December 2016 - 19:27

Врховниот суд на Иран ја потврди смртната пресуда за иранскиoт милијардер Занџани

Врховниот суд на Иран ја потврди смртната пресуда на влијателниот ирански бизнисмен, милијардерот Бабак Занџани, јавија ирански медиуми. 

Бабак Занџани е осуден на смртна казна по неколку обвиненија, вклучувајќи перење пари и нанесување штета на економијата на земјата. 

Милијардерот беше уапсен во 2013 година за време на акција против корупција во текот на владеењето на претходниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Според иранското Министерство за нафта магнатот должи над две милијарди евра за продажби на нафта, извршени во корист на владата на Ахмадинеџад.

Занџани е еден од најбогатите бизнисмени во Иран. Неговото богатство се проценува на 14 милијарди долари. Тој беше уапсен кусо по избирањето на претседателот Хасан Рохани.