Врховниот суд на Австралија одлучи дека Абориџините не можат да бидат депортирани
Одлуката на највисокиот суд е многу важна за сите претставници на домородното население во Австралија, кое денеска е малцинство во земјата.
Конзервативната влада во Канбера во последно време презеде чекори за депортирање на стотици осудени странци.
Судскиот предмет против оваа пракса го поднесоа Даниел Лав, државјанин на Папуа Нова Гвинеја, и Брандан Томс, државјанин на Нов Зеланд, кои се родени во странство, но најмалку еден од нивните родители е член на домородното население.
И двајцата од мали деца живеат во Австралија, со документи за постојан престој, но досега не поднеле молба за австралиско државјанство.
Адвокатката на двајцата побара Томс да биде ослободен од центарот за бегалци, каде е држан против својата волја веќе една година, додека течеа роковите во процесот за негово депортирање.
Судот одлучи дека за наследниците на домородното население на Австралија не важат имиграциските закони на земјата.
Ова е прва одлука во историјата на највисокиот суд во земјата што се однесува на прашањето дали владата има право да депортира наследници на домордното население.
Абориџините живеат на австралискиот континент цели 60.000 години, а сегашниот Устав на Австралија е од 1901 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин