Македонија
8. August 2019 - 16:41

Врховниот суд ќе одлучува за екстрадицијата на Томор Морина, Приштина верува дека ќе биде ослободен

Решението со кое Кривичен ја одби екстрадицијата на поранешниот припадник на УЧК Торис Морина, се уште не стигнало на адреса на Врховен. Но и откако ќе пристигне, судиите прво ќе го чујат мислењето на ЈО, па потоа во петчлен  состав ќе одлучуваат што понатаму. Од Врховен велат дека ова  би траела не повеќе од 2 дена.

Претседателот на Демократска партија  на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ на својот фејсбук напиша дека сме  сведоци на уште една  измама со инсценирано апсење.

За овој случај на социјалните мрежи се огласи и поранешниот пратеник Павле Богоевски кој напиша  дека ова е погрешниот тип на политичко влијание врз судството.

Косовскиот министер за надворешни Беџет Пацоли, очекува Морина наскоро да се врати во Косово. Тој на фејсбук изрази задоволство за вчерашната одлука на судот.

Праксата на судовите во Македонија е да не се испорачуваат лица кои ги бара една држава за дела кои ги извршиле во друга држава.

Иако засега нема екстрадиција за Морина, крајниот збор ќе го има Министерството за правда. Тој останува во притвор во Шутка се до правосилност на судските одлуки.