Loading Video...
Свет
24. September 2019 - 16:51

Врховниот суд ја укина одлуката на Борис Џонсон, кралицата била доведена во заблуда

Врховниот суд на Британија пресуди - одлуката на  Борис Џонсон да го суспендира парламентот е незаконска и неважечка.  Премиерот ја злоупотребил функцијата и ја довел во заблуда кралицата, соопштија судските власти.

Бренда Хејл

-Препораката на премиерот до кралицата Елизабета да го суспендира парламентот  е без ефект....

Одлуката сега е во рацете на Собранието, порачаа судиите, а оттаму експресно одговорија дека  Парламентот уште утре ке продолжи со работата,  Спикер Џон Беркоу

 --Ја поздравувам одлуката на судот , таа е едногласна , јасна и безусловна...

По вакавата одлука на судот, опозицијата веднаш побара Џонсон да си поднесе оставка. Лабуристите порачаа дека пресудата е доказ за непочитување на демократијата и злоупотреба на премиерската позиција.тонско

Парламентот, по барање на премиерот Џонсон , престана со работа на деветти септември. Суспензијата требаше да трае до 14 окотмври,  со цел да се намалат шансите пратениците да го блокираат излегувањето на Британија од ЕУ, без договор.  Последниот рок за Брегзит е 31 октомври.