Врховниот суд го одби барањето на Рашковски за укинување на притворот
Одбиена е жалбата на Драги Рашковски и неговото барање за укинување на домашниот притвор, одлучиле денеска од Врховниот суд.
-Врховниот суд по денешната одржана јавна седница по предметот Вкж1.бр.31/2021, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Д.Р. од Струмица, изјавена преку неговиот бранител и на обвинетиот Д.С. од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, а обжаленото решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ.бр.456/21 од 01.09.2021 година го потврди, се наведува во соопштението од судот.
Минатата недела, пак, во јавноста излегоа фотографии од Рашковски како се шета додека е во куќен притвор. Објаснувањето е дека Основниот суд му дозволил во одреден период од денот да користи здравствени услуги. Но, обвинителството побарало лицето кое го „уловило“ Рашковски да го достави телефонот кај нив, за да се види дали шета во дозволеното време. Ако се докаже спротивното, ќе се бара повторно да биде вратен во Шутка.
Екс-генералниот секретар на Владата е обвинет дека купил софтвер за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци од 81 000 евра.
Првичната одлука на судот беше 30-дневен куќен притвор за првоосомничениот Рашковски и второосомничениот, Даниел Станчев.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари