Врховниот суд ги прифати жалбите - случајот „Монструм“ се враќа повторно на судење
Врховниот суд ги прифати жалбите на одбраната во случајот „Монструм“, за масакрот кај Смилковското Езеро. Со ова, случајот „Монструм“ се враќа на повторно судење во кривичниот суд.
- Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот, жалбите се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинуваат, со што предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување, наведено е во денешното соопштение од Врховен суд.
За петкратното убиство во Смилковското езеро во 2012 година на доживотен затвор беа осудени шест лица под обвинение за терористичко дело. Со прифажањето на жалбите, сега тие би можеле да излезат на слобода.
За потсетување, беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година, како и 45-годишен рибар.
Обдукцијата покажа дека на младите момчиња било пикано од три вида оружје.
Убиството предизвика протести на жителите на Радишани.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација