Врховен: Советот за утврдување на факти да поднесе писмено барање за увид
Откако Советот за утврдување на факти писмено ќе го образложи барањето за пристап, Судот ќе определи време и простор, велат за МИА од Врховниот суд на Република Македонија во врска со обвинувањата од Советот дека не им било дозволено да направат увид во предметот на СЈО, „Таргет и Тврдина“.
- Во време на одржување на јавна седница по повод жалба против пресуда за доживотен затвор, ниту безбедносно ниту технички е можно извршување на активности на Советот, истакнуваат од Врховен суд.
Оттаму додаваат дека Советот навремено писмено бил известен и оти на претставниците на Советот ќе им биде определен термин за прием во Судот во согласност со прописите.
- Со напомена дека целокупната писмена кореспонденција помеѓу Врховниот суд и Советот за утврдување на факти е доверлива, односно изнесувањето содржини од писмената кореспонденција со ознака ДОВ од страна на Советот претставува кривично дело, посочуваат од Врховен суд на РМ.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд