Врховен им го укина куќниот притвор на Камчев, Јосифовиќ и Панделески
Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска му го укина куќниот притвор на Орце Камчев, сопственик на „Орка холдинг“, кој е првоосомничен во предметот „Империја“. Од куќен притвор излегуваат и Ненад Јосифовиќ и Цветан Панделески, бизнис-партнер во „Пелистерка“ и управител на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“.
– Поради зголемениот интерес на медиумите во врска со предметот познат во јавноста под името „Империја“, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на 4 март 2019 година, донесе решенија по предметите заведени под Вкж1.бр.13/2019, Вкж1.бр.14/2019 и Вкж1.бр.15/2019, со кои ги уважи жалбите на обвинетите Ј.К., Ц.П. и Н.Ј., решенијата на Апелацискиот суд Скопје ги преиначи на начин што ги укина мерките куќен притвор и ги пушти обвинетите да се бранат од слобода веднаш по приемот на решенијата, стои во соопштението од Врховниот суд.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација