Македонија
2. March 2020 - 16:31

Врховен бара да има улога при носењето на законите од правосудството

Законите од областа на правото да не може да се носат без мислење на Врховен. Највисокиот суд утврдил дека неговите препораки или не се земале предвид или пристигнувале кога веќе законот е во собраниска процедура.

„Предлагач како што знаеме претежно е извршната власт, меѓутоа од досегашната практика да бидам искрен, почнувајќи наназад од неколку влади па до сегашниот момент и покрај тоа што се има обврска, тоа до сега не се почитувало во доволна мера, или се доставувани  со многу краток рок, а се доставувале и во задоцнета фаза кога законот бил во парламентарна процедура, а и кога сме давале правни мислеља не биле во доволна мера испочитувани“, вели Фаик Арслани, В.Д Претеседател на Врховен суд.

Врховниот суд најавува дека во соработка со апелационите и вишиот управен суд ќе работат на менување на законите кај кои се утврдени недостатоци.

„Идејата е кога ќе се воочи определна коализија на норми одосно судир на два закони или судир на норми во еден закон или кога ќе се воочи одредена правна празнина која судовите веќе ја надминале со судска пракса, начинот на кој што е надмината со судската пракса во судовите, да се преточи во предлог-законска норма со цел да се подобри самиот квалитет на законот кој се применува“, Жарко Хаџи-Зафиров, Центар за правни истражувања.

Претставниците на повисоките судови сметаат дека нивните предлози ќе помогнат во решавање на проблеми кои произлегуваат од неусогласеност на законите.