Живот
30. December 2016 - 16:42

Врескаа, се кубеа и се тепаа со боксови: Крвава тепачка на тинејџерки во автобус

Британската јавност се шокираше откако на социјалните мрежи се појави снимка од масовна тепачка на тинејџерки во автобус.

Видеото покажува како неколку девојки во двоспратен автобус во Бирмингем брутално се тепаат.

Не  е познато кој е поводот за почетокот на судирот, но може да се види дека насилството ескалира, и тие се кубат, врескаат и се тепаат со боксови во глава, додека патниците престрашени се обидуваат да го напуштат автобусот.

Едно момче за малку горко ќе се каеше што се обиде да ги раздвои раскараните.

-Пушти ми ја раката или ќе ти ја удрам главата, му рече еднна од девојките учеснички во тепачката.

Ова е веќе втор сериозен инцидент во градскиот превоз во овој дел од Бирмингем, зошто пред неколку месеци во автобусот на линијата 14 со нож е избоден 16-годишен ученик, откако не сакал да се ракува со врсник.

Погледнете го видеото: