Македонија
7. јуни 2017 - 8:25

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу  пладне и попладне ќе биде нестабилно облачно  со локален пороен дожд и грежи.  Кон крајот на денот према четврток се очекува на повеќе места да има поизразена нестабилност која ќе биде проследена со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со појава на град, наместа процесите ќе бидат изразени и во форма на невреме.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 28 до 32 степени.

Во Скопје околу пладне и попладне ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 16 до 31 степени.

До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Ќе дува засилен северен ветер.