Македонија
23. јуни 2016 - 8:25

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе е движи од  13 до 21, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од  30 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 37 степени.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време, а дневните температури   вдолж Повардарието ќе имаат надпросечни вредности. Од недела во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури постепено ќе опаѓаат.