Македонија
17. February 2016 - 8:19

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло

Времето  во Македонија ќе биде стабилно, односно сончево и многу топло за овој период од годината, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 19 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Во четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во западните делови од земјава, а дневната температура на воздухот ќе опадне за околу шест степени. Потоа, ќе преовладува стабилно и релативно топло време, освен во сабота навечер кога ќе има услови за локален дожд.