Македонија
21. February 2018 - 8:29

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд

На некои повисоки места и на планините од снег.
 
Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, особено попладне и во ноќните часови.
 
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од четири до 10 степени.
 
Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до осум степени.
 
Повеќе врнежи се очекуваат во четврток претпладне кога локално се очекува да наврнат над 25 л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.
 
До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.