Македонија
31. July 2016 - 20:11

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот и во вечерните часови во северните делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 14 до 22, а максинланата од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. 

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локален дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 20, до 37 степени.

Во вторник од пладне се очекува поизразена нестабилност кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за четири до пет степени во споредба со утрешната.