Македонија
15. February 2016 - 17:37

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умрен до повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната  од 17 до 23 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До среда ќе се задржи стабилно и топло за овој период од годината со умерен до повремено засилен јужен ветер.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а дневната температура на воздухот ќе се спушти за околу пет степени.