Македонија
4. јуни 2021 - 8:16

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во сабота времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.