Македонија
21. October 2018 - 8:05

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито

Денеска времето ќе биде променливо облачно и ветровито, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Дневните температури ќе се движат од 17 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен локален дожд. Температурата ќе се движи од 19 до 21 степен.

Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.