Македонија
3. December 2022 - 8:32

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во текот на наредните денови ќе биде претежно облачно со релативно високи утрински температури. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен, долж Повардарието засилен југоисточен ветер.