Македонија
6. August 2017 - 8:51

Времето денеска ќе биде многу топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. УВ индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 24 степени, а дневната од 35 до 42 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе достигне до 20, а девната до 41 степен. 

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на деновите од викендот. Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.