Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните нестабилно со локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер, особено во среда и во деновите од викендот.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата