Македонија
12. May 2020 - 8:19

Времето денес сончево и топло

Сончево и топло, во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, а особено во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=8 Во Скопје сончево и топло со умерена облачност и со умерен ветер од западен и северозападен правец, кој на моменти ќе засилува. Минималната температура ќе биде околу 11, а максималната ќе
достигне 27 степени.