Македонија
27. July 2016 - 8:30

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност со температура до 33 степен

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните подрачја не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. 

 Температурата ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, претежно во западните делови.Особено топло ќе биде за време на викендот и во понеделник.