Македонија
29. April 2018 - 8:41

Времето денес ќе биде сончево и топло

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи температурата ќе се движи од 24 до 29 степени.

Во Скопје слично време со температура до 28 степени и со УВ-индекс 7. 

Во новата работна недела времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со услови за локален дожд и грмежи. За време на празникот во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. 

Вчера обилни дождови имаше во Крива Паланла, Виница, Гостивар и Демир Хисар.