Македонија
23. February 2016 - 8:25

Времето денес ќе биде сончево и многу топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има и слаб локален дожд. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната  од 17 до 23 степени.

Во Скопјe сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Од среда следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд, а дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.