Македонија
29. November 2022 - 8:25

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Времето утрово ќе биде студено, а преку ден променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во среда и четврток се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално, врнежите ќе имаат пообилен карактер.