Македонија
13. March 2016 - 9:24

Времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите од дожд поинтензивни ќе бидат во јужните и источните делови каде на места се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег и висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти до 1000 метри надморска височина.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до седум и дневна до 10 степени.

Врнежи ќе има и во понеделник, но тие ќе бидат со послаб интензитет.

Од вторник утрата ќе бидат посвежи со минимални температури околу нулата.