Македонија
26. January 2017 - 10:41

Временска за цел месец - Какво време не очекува во февруари

По снегот и рекордно ниските температури овој месец, како и претходниот, во февруари ќе имаме од се по нешто. Во одредени денови ќе биде студено, со ниски утрински температури и снег, а други денови ќе има сонце и температурите ќе бидат до 12 степени, што е невообичаено за овој период од годината.