Македонија
29. November 2016 - 18:34

Временска прогноза - Утре во Македонија слаб снег

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Претпладне во западните планински предели се уште ќе провејува слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус два, а дневната од минус два до пет степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до три степени.

Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, особено во четврток кога на повисоките места ќе се спуштат и под минус 10  степени. Дневните температури до петок ќе бидат во благ пораст. Во петок и во недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.