Македонија
2. February 2017 - 8:06

Временска прогноза: Што не чека денеска и за викендот?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со ниска облачност и појава на магла особено претпладне. Во крајните западни делови ќе има слаб локален дожд, а на повисоките планини слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје слично време, умерено облачно со слаба магла претпладне. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до шест степени.

И во петок ќе има услови за слаб локален дожд во крајните западни делови, додека во сабота и недела на повеќе места се очекуваат повремени врнежи од дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата ќе има тенденција на натамошен пораст што ќе предизвика топење на снежната покривка.