Македонија
31. July 2021 - 12:05

Времено затворен патниот правец преку Национален парк Галичица на делница од Баба до Царина (преспанска страна)

Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина - (преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи на пат - (реконструкција на коловозната конструкција).

После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки, соопшти АМСМ.