Бизнис
17. February 2021 - 16:33

Времено сопрено тргувањето со акциите на ЗК Пелагонија

ЗК Пелагонија не располагала со информации кои може да влијаат на цената на нивните акции на берза, ниту за еневтуална заинтересираност на инвестициски фондови за купување на друштвото, се вели во допсиот од Комисијата за хартии од вредност. Комисијата побара времено Берза да го стопира тргувањето со акциите од комбинатот поради како што велат нетипична побарувачка на акции од ЗК Пелагонија која ја зголеми цената на акциите.  

Тргувањето со акциите од издавачот ЗК Пелагонија АД Битола и другите инволвирани берзански субјекти веќе извесен период се предмет на надзор од страна на КХВ согласно сите закони од нејзина надлежност и за исходот како и досега јавноста ќе биде благовремено известена. Нетипичната побарувачка на акциите на ЗК Пелагонија АД Битола, која се одразуваше врз нивната цена, а во услови на недостиг на јавно расположливи информации нужни за проценка на моменталната состојба од страна на друштвото беше причина денеска на 17.02.2021 година , КХВ да и наложи на Македонската берза АД Скопје привремено да го прекине тргувањето со акциите издадени од ЗК Пелагонија АД Битола. По барањето од КХВ, издавачот ја извести Комисијата дека нема сознанија за постоење на конкретно ценовно чувствителни информации кои треба да ги објават согласно Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, ниту пак располагаат со информација за евентуална заинтересираност на инвестициски фондови за купување на друштвото, се вели во допсиотк од КХВ.

Од берза информираат дека за само половина месец цената на акциите на ЗК Пелагонија  се зголемила за 60 отсто - од 2.911 на 4.719 денари. 

Деновиве во медиумите излезе информација дека има обид за манипулација на помалите акционери во ЗК Пелагонија со што вештачки се кренала цената на акцијата на комбинатот. Интересот за овие акции се зголеми уште кон крајот на минатата година. Во декември лани била истргувана колична од над 8000 акции, во јануари 2.801 акции, а во февруари за само 20 тина дена била истргувана количина од 10.758 акции.