Македонија
20. December 2017 - 9:48

Времена измена на сообраќај на патот Кичево-Охрид

 Времена измена на сообраќај со девијации - преминување од една коловозна лента во друга ќе биде воведена од утре на магистралниот пат А2 патен правец Кичево - Охрид (Пресека – Песочан).

Како што соопштија од „Македонија пат“, за воведувањето на измената веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Според известувањето добиено од АД ИЛИНДЕН СТРУГА, изведувач на градежните работи, овој режим на сообраќај ќе трае до нивното завршување.