Македонија
14. December 2018 - 13:01

Времен сообраќаен режим на патот Катланово-Велес

Поради изведување на градежни активности денеска и утре на Автопат А1, делница Катланово-Велес (пред наплатна станица Сопот) и Автопат А1 делница Велес-Катланово (после наплатна станица Отовица), ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

На патот ќе бидат поставувани индукативни јамки.

Имено, од АМСМ наведоа дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.