Македонија
21. November 2016 - 14:23

Времен сообраќаен режим на автопатот А1 од Неготино до Демир Капија

Поради градежни активности на автопатот А1 на Коридорот 10, од утре (22.11.2016) ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим од клучката Неготино до клучката Демир Капија, соопшти ЈП Македонија пат.

Сообраќајот ќе се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.