Македонија
23. December 2016 - 9:04

Времен режим на сообраќај на улицата „Орце Николов“

Општина Центар информира дека дел од улицата „Орце Николов“, на потегот меѓу угостителските објекти „Кај Перо“ и „Наџак“ ќе има времен режим на сообраќај. Сообраќајот ќе се одвива по улицата „Михаил Цоков“ и ќе продолжува по „Орце Николов“.

Времениот режим е поради манифестацијата за отворање на „Боемска улица 2“ и поставувањето на бината.

Овој режим ќе важи до сабота, до 6 часот.