Македонија
3. April 2017 - 9:01

Времен прекин на сообраќајот на патот Кичево - Охрид кај Пресека

На патот Кичево - Охрид, поточно на делот Пресека - Врбјани, денеска од 11 до 12 часот и од 13 до 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин.

Прекинот, како што соопшти ЈП „Македонија пат“ е поради изведување градежни активности на патот.  

На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива по суви коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.