Ракомет
28. July 2018 - 10:33

Време за полуфинале, Македонија - Фарски острови (20 часот)

Претпоследиот ден на Европскиот шампионат (Б дивизија) за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје, ги носи натпреварите за пласман, но и полуфиналните дуели.

 

Младите македонски ракометари се пред голем предизвик во полуфиналбиот меч против селекцијата на Фарските острови која се покажа како добар тим па со трите победи во А конкуренцијата заврши како второ рангирана. 

 

Но, доколку избраниците на селекторот Данило Брестовац ја повторат играта од пред два дена против Украина, тогаш црвено-жолтите имаат реални шанси да ја минат полуфиналната пречка и да стигнат до посакуваното финале. 

Мечот Македонија - Фарски Острови кој ќе се игра во СЦ Борис Трајковски ќе биде последниот од денешната програма, а почетокот на истиот е од 20 часот. 

 

Претходно (17:30 часот) во првото полуфинале ќе играат Белорусија и Швајцарија. 

 

Во дуелите за пласма ќе разигруваат: 

9-11 место  Финска – Велика Британија
 
5-8 место   Естонија – Украина
                   Литванија – Италија 
БЕЛОРУСИЈА – ШВАЈЦАРИЈА