Фудбал
9. July 2018 - 17:20

Време е за новиот волшебник во копачки: Синот на Роналдињо го наследил неговиот талент и е мета на големите клубови

Синот на легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо со големи чекори граба да ја замати славата на својот татко.

Синот на Роналдињо живее со мајка си во Бразил, но нема сомнение дека целиот фудбалски талент го повлекол од таткото.

Според пишувањето на бразилските медиуми, пред синот на легендата на бразилскиот фудбал е неверојатен договор.

Малечкиот Жоао Мореира е на мета на Евертон и ПСЖ.

 

Перспективното момче веќе тренираше со младите категории и ги воодушеви скаутите од богатиот клуб, кои се заинтересирани да го ангажираат.

Освен клубот од Париз и англискиот Евертон се вклучи во трката за наследникот на славниот фудбалер, па ќе биде многу неизвесно каде ќе заврши талентираниот фудбалер.

Мореира моментално е член на една академија во Бразил, а првите фудбалски чекори ги направи во славниот Васко де Гама.