Бизнис
16. December 2017 - 22:03

Вредноста на биткоинот првпат над 19.000 долари

Курсот на биткоинтот првпат го премина прагот од 19.000 американски долари откако неговата вредност се зголеми за 8,2 отсто, соопшти електронската берза за криптовалути „Коиндеск“ (Coindesk).

На крајот на ноември вредноста на биткоинтот првпат се искачи над 10.000 долари и оттогаш е во постојан раст.